Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја коментираше изјавата на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, дека државава можела да набави вакцини пред неколку месеци, но свесно не го направиле тоа.

Несериозни луѓе одлучуваат за сериозни работи. До кога вакви манипулатори ќе ја навредуваат нашата интелигенција? Додека тие го тестираат заедничкото трпение, 2800 луѓе починаа од корона.

 

„Шекеринска: Ние можевме први да набавиме вакцини, но народот ќе си помислеше дека ги тестираме на нив, затоа чекавме до сега да се увериме во нивната безбедност.“ – коментира Мицкоски.