Одбраната на обвинетите во случајот ТНТ бара изземање на обвинителот Бурим Рустеми. Таа смета дека Рустеми не може да биде застапник на ова обвинение, бидејќи по негова согласност тогашната специјална обвинителка Катица Јанева го повлекла обвинителниот акт против Адријан Амзоски, зет на Фиат Цаноски.

Откако СЈО го повлеко обвинението, Амзоски му напишал на Бојан Јовановски СМС со содржина: „СЈО го повлече предметот. Благодарам од срце. Ајде сега да работиме на раат“.

По повлекувањето на обвинението, фирмата на Амзоски во неколку наврати на сметката на Меѓународен сојуз исплатилa 850.000 eвра.