Во завршниот збор за случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковско Езеро, обвинителката Фатиме Фетаи потенцираше дека прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот и тој беше вратен на почеток, не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство.

Таа потенцираше и дека и покрај тоа што премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“, се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста.

Ниту прислушуваните материјали, ниту неговото сведочење, не ја сменија вистината во „Монструм“, истакна Фетаи.