Ги следам настаните на Балканот. И се чувствувам близок и со Бугарија и со Северна Македонија. Мислам дека е грешка бугарската влада да го блокира процесот, што ќе доведе до пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Сосема спротивното: Бугарија треба да биде бранител на членството на Северна Македонија во ЕУ, а не противник. Бидејќи влезот на Северна Македонија во ЕУ е дел од долгорочниот национален интерес на Бугарија.

Ова во интервју за бугарската секција на Дојче веле го изјави американскиот дипломат и поранешниот амбасадор на САД во Софија, Џејмс Пердју.

-Сигурен сум дека Стејт Департментот поддржува брзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако темата главно се однесува на Европската унија и нејзините членки, рече тој.

Одговарајќи на прашањата како може да изгледа исходот од ситуацијата и дали е можно двете земји наскоро да постигнат договор, поранешниот амбасадор во Софија изјави:

-Долгорочен национален интерес на Бугарија е да има добри и партнерски односи со соседите во услови на заеднички демократски вредности. Членството во ЕУ го охрабрува ова. Бугарија и многу луѓе во Северна Македонија имаат заедничка историја и култура, но Бугарија е наметната модерна нација и има предност од членството во ЕУ во остварувањето на своите цели. Двете земји се природни сојузници и можат да работат заедно за просперитетна иднина, ако свртат грб на некои од помалку важните прашања.

Националистите во Бугарија гледаа како Грција го користи своето членство во ЕУ за да изврши притисок врз Северна Македонија. И тие одлучија да ја спроведат истата стратегија. Но, времето за вознемирување на северна Македонија заврши.

Прашањата по историја и јазик не се доволно значајни за да ги оправдаат непријателските односи меѓу двете земји. На крајот на краиштата, Северна Македонија е суверена земја. И ниту една држава не треба да има право да принудува друга нација да ја менува својата историја. Историчарите и експертите навреме нека ги расчистат контроверзните точки. Во меѓувреме, Софија треба да ја поддржи, а не да ја блокира кандидатурата на Северна Македонија за ЕУ. Сè друго е кратковидо.