Над 9 милиони евра платиле граѓаните во 2020 година за тестирање за ковид- 19 во приватните лаборатории. Од вкупно 402.444 тестови спроведени лани, граѓаните во приватните лаборатории платиле за нешто повеќе од 180 илјади што е близу 45% од вкупниот број на направени тестови. Имајќи предвид дека од оние 220 илјади тестови што ги направила државата над 25.000 се од брзите евтини тестови, пресметките покажуваат дека финансискиот товар за тестирањето лани граѓаните и државата го поделиле на половина.
Секој четврти направен тест во јавното здравство дал позитивни резултати додека во приватното на 8 направени тестови само еден бил позитивен.
Најмногу од тестовите во јавното здравство или над 140.000 се направени во лабораторијата на Институтот за јавно здравје. Околу 30.000 тестови се направени во МАНУ и по десетина илјади во скопскиот и битолскиот центар за јавно здравје.
Анализирано по месеци, најмногу тестови се направени во ноември кога се регистрирани и најголем број на позитивни случаи.
Вкупно 6 земји во Европа спровеле помалку тестови од Македонија во однос на популацијата.
Заклучно со крајот на годината во Македонија се спроведени околу 190.000 тестови на милион жители што е 19% од вкупната популација.
Министерот за здравство уште не почетокот на кризата излезе со став дека масовното тестирање може да ја искриви сликата
Но со македонскиот министер не се согласуваат многу од развиените и богати земји кои одамна спроведуваат масовно тестирање. На пример Данска која има околу 5 милиони жители до овој момент веќе еднаш го има истестирано целото население а уште 80% од нив биле тестирани и по втор пат. Во обединетите арапски емирати сите се тестирани по два пати а 18% од населението направило и трет тест.
извор Сител
Comments are closed for this post.