На прашањето дали ќе има предвремени избори, премиерот уште еднаш кажа дека избори ќе има во 2024 година. Предвремени избори, рече Заев, нема да сменат ништо, само ќе се изгубат дополнителни шест месеци за граѓаните и државата.
-Имаме мнозинство од 62 пратеника. Ќе има избори во 2024 година, но редовни, како што сум дал збор. До тогаш да ги засукаме ракавите и да го одработиме својот дел за граѓаните за кои и постоиме. И ако ги повториме изборите, сегашните анкети покажуваат дека тоа нема многу да смени во Парламетот, само ќе им изгубиме на граѓаните шест месеци, подвлече Заев.
Comments are closed for this post.