Министерот за надворешни работи, Бујар Османи има позитивни очекувања и од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија. На денешната прес конференција Османи рече дека во првичните контакти со португалското претседателство искажана е сериозна намера да се продолжи процесот којшто остана од германското претседавање со Унијата.
Очекувам Германија да продолжи со својот ангажман и во текот на португалското претседателство, но според првичните контакти, португалското претседателство има сериозна намера да се продолжи таму кадешто остави германското и што побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција, односно да се усвои преговарачката рамка, рече Османи.
Comments are closed for this post.