Се очекува во текот на денот Управата за јавни приходи да го објави конечниот список на фирмите кои ја добиле државната помош, а не исплатиле плати на своите вработени во рамки на четвртиот сет економски мерки.
Директорката Сања Лукаревска вчера информираше дека листата ќе биде доставена до генералниот секретаријат, од каде треба да се објави списокот.
Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска.
Comments are closed for this post.