Огласот за МВР на Оливер Спасовски е оглас распишан за општинските центри на СДСМ, каде што според информациите, веќе се прават списоците за 600-тина нови вработувања на партиските членови на СДСМ. Ова е уште еден доказ за партизацијата на полицијата, односно дека Оливер Спасовски си прави партиска полиција. Ништо поразлично не е ниту огласот за 119 нови во царината и како и за сите други огласи за во администрацијата во Македонија, одговори Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање на прес конференција.
Сето ова е спротивно и на европските стандарди и е доказ за предизборните лаги од СДСМ. Наместо помала и поефикасна администрација, како што велеа, веднаш се отвораат огласи за секој еден лепач на партиски плакати на СДСМ. Македонија тоне во рецесија и се подалеку е од европските стандарди. Македонија ја презадолжија за да има за плати за партиската администрација, а да нема помош за реалниот сектор, за земјоделци, за тутунари, за овоштарите, нема помош за докторите, нема за фирмите од каде што 55.000 се отпуштени од работа. Едноставно, СДСМ во својот пад решила да ги вработи сите лепачи на плакати во администрацијата, а парите за нивните плати ќе одат од вашиот празен џеб – рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.