Лажно претставувајќи се дека се полицајци и користејќи полициски трепкачи на автомобил од типот „Ауди“, група непознати лица запреле автомобил со германски регистарски ознаки на автопатот Ниш – Врање и од патниците изнудиле 10.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Според полициски извори, настанот се случил во близина на селото Превалац кога од „аудито“ излегло лице во полициска униформа, вооружено со автоматско оружје и батерија, и од патниците ја украло споменатата сума пари.

Оштетени се двајца патници – едниот е македонски државјанин, а другиот е од Албанија.

Случајот бил пријавен во полицијата во Врање, која е во потрага по „лажниот колега“, а надлежното обвинителство работи на случајот.

Пред околу десетина дена во Сурдулица двајца мажи претставувајќи се како полициски инспектори пресретнаа малолетни лица и им одзедоа пари.