Се разгледува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на терминал за отпечаток од прст за попсиот, соопшти денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

Хоџа на прес-конференција во Владата истакна дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите и повеќе не смееме да го одложуваме. Пописот е статистичка операција и во него нема политика

– ова се разгледува од надлежните институции, но сакаме да потсетиме дека спроведувањето на пописот е во интерес на сите. Државата треба да ги знае клучните статистички податоци и тоа е операција која повеќе не смееме да ја одложуваме зашто нејзиното организирање е за општо добрo.

 

Треба сите да бидеме свесни, нагласи, колку ни се неопходни податоците кои треба да ги даде пописот за планирањето на развојот на државата.

-Државниот завод за статистика непречено ги извршува сите подготовки за одржување на пописот во април 2021 година. Во пописот нема политика, ова е статистичка операција под мониторинг на Евростат, заклучи Хоџа.