Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина, денеска беше евакуирана, најверојатно поради сомнителна пратка, јави дописничката на МИА од Атина.

Вработените во Министерството морало да го напуштат објектот, додека полицајци го проверувале сомнителниот пакет, за да се испита дали евентуално во него има експлозивен механизам.

Според грчкитеките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата, по што е евакуирана зградата.