Во однос на законската одредба недела да биде неработен ден, министерката Јагода Шахпаска денес изјави дека се завршени консултациите за ова прашање за кое се дискутира месец и пол и очекува на почетокот на идниот месец измените на Законот за работни односи да бидат во собраниска процедура.
Постојат дилеми во одредени области и затоа им било потребна темелна анализа за да ги соочат аргументите за и против на сите заинтересирани страни, рече таа одговарајќи на прашања на новинарите.
Министерството за труд и социјална политика ја изработи драфт-верзијата, ја предочивме на сите членови односно партнерите во социјалниот дијалог, се уште во општеството има интерес за ова законско решение – за и против, меѓутоа ние не се откажуваме. Верувам дека по Нова година законското решениеќе ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде изгласано во интерес на оние заради кои го носиме. Дилемите се околу тоа кој треба да биде опфатен со недела неработен ден, односно кои дејности во државата треба да функционираат – здравството, полицијата, социјалната служба, центрите за детска заштита, старските домови, противпожарните служби, комуналните служби. Тоа се витално важни дејности без кои оваа држава не може да функционира, рече Шахпаска одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сто дена од мандатот.
Comments are closed for this post.