Kако последица од пандемијата на коронавирусот и светски познатиот ноќен клуб во Лондон засекогаш ги затвори своите врати.

„Café de Paris“ претходно работел речиси 100 години во лондонскиот Вест Енд, што го правеше едно од најстарите клубови од Европа. За време на своето 96-годишно делување, угостувал ѕвезди како Џуди Гарланд, Дејвид Боуви или Грејс Кели.

Клубот првпат ги затворил своите врати во март годинава, но на гостите им ветил дека повторно ќе биде достапен на крајот на пандемијата. Меѓутоа, бидејќи крајот воопшто не се гледа и после најавите дека Лондон се соочува со нови рестриктивни ограничувања поради ширење на мутиран вид на коронавирус, сопствениците на „Café de Paris“ го затвориле објектот.

Како што навеле, разорното влијание на пандемијата си го направила своето.

Со тешко срце потврдуваме дека засекогаш ќе ги затвориме вратите на нашето сакано ‘Café de Paris’. Се обидовме да се избориме, но на крајот беше премногу. Дадовме сè од себе за да му дадеме поддршка на персоналот и го почитуваме сечие здравје и безбедност, но на крајот, како и многу други угостителски објекти, стигнавме до крајот на патот, напишале сопствениците на Твитер.