На седницата на Хрватскиот аудиовизуелен совет што се одржа на 15-ти декември, се одлучуваше за распределба на средства во рамките на Конкурсот, во последниот рок за оваа година, меѓу другите и за поттикнување на филмски копродукции со малцинско учество на Хрватска.
Хрватскиот аудиовизуелен центар -ХАВЦ одобри поддршка за долгометражниот игран филм со работен наслов „Мими“, сценарио и режија на Даријан Пејовски. Со тоа Хрватска, преку продукциската куќа Максима Филм, и официјално се вклучува како земја копродуцент на овој филм.
„Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. „Мими“ е филм за површноста и лажните фасади што ги покажуваме пред другите.
Главната улога ја толкува Наталија Теодосиевска, а во филмот играат и: Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Дениз Абдула и др.
Кинематографер е Дејан Димески, сценографијата е на Игор Тошевски, дизјан на звук – Игор Поповски, костимите се на Емилија Ивановска Атанасовска, а шминката на Ива Куробаса.
Comments are closed for this post.