Министерство за култура информира дека Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на уметници и на културни работници. Оттука, јавниот повик за доставување барање за финансиска поддршка е објавен на веб-страната на министерството, со цел еднократна исплата на финансиски средства за период од три месеци.
Месечниот нето-износ е 14.500, 18.000 или 21.000 денари, во зависност од тоа дали уметникот, односно културниот работник во периодот од јануари до август 2020 година остварил приход во нето-износ до 80.000, 60.000 или 40.000 денари од вршење уметнички или стручни работи во културата според евиденцијата на Управата за јавни приходи.
„Јавниот повик трае до 19.12.2020 година, а сите заинтересирани лица на маил адресата на Министерството за култура: info@kultura.gov.mk треба да достават Барање за добивање финансиска поддршка на уметници и на културни работници и Изјава за исполнетост на условите за добивање финансиска поддршка (Образецот на Барањето и образецот на Изјавата се Прилзи 1 и 2 на Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници и се објавени заедно со Јавниот повик)“, информираат од министерството.
Исплатата на средствата ќе ја врши Генералниот секретаријат на Владата врз основа на решенија што ќе ги донесе министерот за култура, а во согласност со член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19 во рок утврден во член 3 од Одлуката за финансиска поддршка на уметници и на културни работници.
Comments are closed for this post.