За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а Еуросупер БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
огласно оваа одлука, од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 60 денари за литар, дизелот по цена од 53,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 53,50 денари за литар, а новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 62,00 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг со што тој во следните седум дена ќе се продава по цена од 28,287 ден/кг.
Новите цени на нафтените деривати ќе важат во следните седум дена.
Comments are closed for this post.