Музичката индустрија е можеби една од најпогодените гранки во светот поради пандемијата со корона-кризата која трае скоро една година, но и во едни такви услови, музичарите не престанаа со музицирање. Еден од нив е ѝ младиот фолк-пејач Живе Мешуревски, на кого многумина му предвидуваат блескава музичка кариера. Тој и покрај кризата од коронавирусот, перидов работеше на неговиот најнов материјал со наслов „Да си моја“ и тоа повторно со најдобрата екипа: Борче Нечовски – текст и Дејан Момировски- музика и аранжман.
Како солисти во новата песна на Живе се појавуваат, врвниот хармоникаш Мишел Трајковски и Демир Кантуровски на труба.
Долго работевме на оваа песна со Борче и Дејан. Сакавме да биде нешто навистина квалитетно и воопшто не се брзавме кога ќе ја објавиме. И така светот е во изолација, па така времето беше на наша страна. Сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа моја нова песна, бидејќи навистина дадовме се од себе – вели Живе, кој за 2021 година се надева дека работите ќе се вратат во нормала и дека ќе може да настапува и да се дружи со публиката.
За новата песна Живе сними и прекрасен видеоспот, каде покрај него се појавува и убавата манекенка од модното студио „Моделс Ин“ – Бубе Неткова, а пак спотот го изработи „Арт продукција“.
Задоволен сум од тоа како излезе спотот, девојката одлично глумеше, снимавме во еден хотел во Скопје и на неколу локации во Битола – дополни младиот музичар.
Инаку, Живе студира соло – пеење опера на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Comments are closed for this post.