Блокадата и ветото оставаат горчини. Повторно ќе ни ги разделат народите. Не ни треба тоа. Ако повеќе соработуваме, Западна и Северна Европа уште повеќе ќе не прифаќаат, порача вечерва премиерот Зоран Заев на гостувањето на телевизија Телма.
Во интервјуто дадено за телевизијата, Заев рече дека останува оптимист и изрази надеж дека бугарскиот премиер Борко Борисов ќе направи исчекор.
– Мојот пријател Бојко Борисов може да направи исчекор затоа што јавно декларираме и во сите разговори во кои разговаравме дека Северна Македонија нема различно значење од Република Северна Македонија. Се однесува на нашиот територијален интегритет, нема територијални претензии или какви било претензии. Истовремено секогаш сум кажувал и повторно ќе кажам, немаме никакви аспирации да се мешаме во внатрешните работи ниту на Бугарија, ниту на кој било од соседите, вклучително и граѓани и малцински права, ниту пак дозволуваме некој да ни се меша заради тоа што тоа е регулирано во меѓународниот план, рече Заев.
Додаде дека може со поголем интензитет да се реализира Договорот за добрососедство, а Мешовитната комисија да ги наоѓа решенијата и јавно да ги објавува.
Уште еднаш повтори дека црвените линии остануваат македонскиот јазик и идентитет и оти еднинствениот пат на земјата е нејзината интеграција во Европската Унија
Comments are closed for this post.