Во тоа интервју испратив порака што сите ја слушнаа, дека ние немаме омраза кон бугарскиот народ, ние сакаме да бидеме пријатели со бугарскиот народ, ние немаме проблеми да зборуваме ниту за минатото, како што треба да зборуваме низ призмата на пријателството, не низ призмата на негативниот поглед на оваа работа, нагласи премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ Тема“, одговарајќи на новинарско прашање околу неговото интервју дадено за БГНЕС, што предизвика многу реакции во јавноста.
Тој посочи дека кога се зборува за акциони планови, во областа на образованието, културата, спортот, туризмот, здравството и во други области, сето тоа треба да не направи поголеми пријатели, како што рече, ќе имаат бенефит и Македонците и Бугарите од ваквото пријателство и такви политики треба да градиме во периодов ако сакаме да бидеме Европејци.
– Ако гледаме да градиме пријателство, токму во тој дел беше и моето интервју, зборувајќи низ призмата на зборовите на пријателство или европските зборови, затоа што не можете цела Бугарија да ја правите фашистичка. Јас знам дека нашиот народ е многу свесен. Поентата на моето интервју, целта која што ја постигнав со самото интервју е изразот за пријателство без да ги повредам дома на ниту еден начин нашите чувства, не зборев за администрирање во државата, зборев за бугарската администрација многу природно се случуваат реакции, тоа е слободата, сите ние сме се бореле за таа слобода, потенцираше премиерот.
Comments are closed for this post.