Двата главни гасоводни крака во државава се очекува да бидат завршени во текот на 2021 година, после што би се продолжило со нивно меѓусебно поврзување, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Како што прецизираше тој, до наведените рокови се очекува завршување на гасоводните краци до Битола и до Гостивар и нивно поврзување кај Охрид, а во следните пет години Бочварски изразува убеденост дека гасот ќе стигне и во домовите.
Во 2021 очекуваме да се завршат овие два крака, до Битола и до Гостивар, но работиме и на продолжување на кракот од Гостивар кон Кичево и двата крака да се спојат на југ, кај Охрид со што ќе имаме еден прстен. Тоа би било во наредните неколку години, но овие два крака би ги завршиле во текот на ’21 година…јас сум убеден дека во следните пет години граѓаните ќе добијат гас до своите домови, рече Бочварски.
Министерот додаде дека проектот ќе се изведува по модел на јавно приватно партнерство.
Comments are closed for this post.