Случајот „шпански скали“ за кој на Миле Јанакиески му е одреден притвор повторно е одложен. Следното рочиште ќе се одржи дури во февруари следната година.
Во февруари рочишта ќе има на 9 и 23, а до јуни закажани се девет расправи.Јанакиески секојдневно е на суд за другите предмети за кои е обвинет но не и за предметот за кој му е одредена мерката домашен притвор.
Адвокатот Еленко Миланов не може да си објасни зошто следното рочиште е закажано дури за три месеци.
Притворските предмети по редот на нештата треба да имаат приритет но навистина немам одговор зошто за овој предмет не е така-вели Миланов во изјава за „Пресинг ТВ“.
Ваквата одлука на судот потврдува дека има двојни аршини кон притворските предмети, зашто како такви треба да имаат приоритет во судењето.Јанакиески е во домашен притвор за предметот „Шпански скали“ уште од 28 јуни 2019 година.
Comments are closed for this post.