Никому не му е сеедно друг да му ја толкува историјата. Овде кај нас не се работи само за Втора Светска Војна. Бугарија го има Сан-стефанскиот сон и секогаш ќе ја тера таа политика. Ова во гостувањето во Утрински брифинг го изјави историчарот д-р Александар Литовски, член на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците.
-Дури и ние да и попуштиме, по 6 месеци ќе следи нова блокада. Тие имаат геостратешки цели поврзани со Сан-стефанскиот сон. Според тоа, решението не е во попуштање на барањата на Бугарија и тие што ја знаат историјата на бугарската политика ќе го потврдат ова што го говорам, изјави Литовски, додавајќи дека крајната цел на бугарската политика е освојување на Македонија.
Comments are closed for this post.