Министерството за економија, под чија надлежност се дејностите како трговијата, угостителството, занаетчиството и туризмот како дејности, треба да ги испрати на разгледување во Владата своите предлози за законското решение кое се подготвува за регулирање на недела како неработен ден.
Крешник Бектеши, министерот за економија, на вчерашната прес-конференција, меѓудругото рече дека со законското решение кое го подготвува Министерството за труд и социјална политика, веќе направена е анализа, од која може да се заклучи дека е извесно дека само трговијата на големо нема да работи во последниот ден од седмицата.
Анализиравме како тоа ќе се одрази на Законот за трговија и тоа значи дека кај трговијата на мало нема да има промени и тие ќе работат в недела, додека кај трговијата на големо ќе има промени за кои дополнително ќе отвориме дебата со коморите, рече Бектеши.
Министерот додаде дека под трговија на големо се мисли на големите супермаркети и магацини. Вели дека за нивното неработење во неделите има неколку опции кои Министерството за економија треба да ги испрати на разгледување во Владата. Бектеши додаде дека за угостителите и туристичките компании мислењето е дека не треба да се направат никакви законски измени во периодот што следува и дека тие ќе продолжат да работат и в недела, односно доколку има измени кај нив, ќе биде потребно период на прилагодување.
Comments are closed for this post.