Премиерот Зоран Заев за прв пат отворено воведе нов термин во својот вординг за преговорите со Бугарија.
Тој во изјавата за ТВ 21, покрај тоа што рече дека се уште нема договорено средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, повтори дека се разговара на ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи.
Министерот за надворешни работи, Бујар османи, пак, конечно призна за каква формулација околу јазикот се залага Бугарија. А, Заев во скандалозното интервју за бугарската агенција БГНЕС потенцираше дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, зашто никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик.
-Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но сака да зборува за историјата, за минатото и за корените, рече Заев, изјави Заев.
Но, неговото признание дека Бугарија сака, покрај за историјата и за минатото, да зборува и за „корените“ е во спротивност со одбраната на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
Зашто, тие едноставно ќе „висат“ ако им се одземат „корените“!?
Конечно, со кој мандат Заев преговара со Бугарија за нашите „корени“!? Од преговори за историјата и за заедничко чествување на одредени личности до преговори за „корените“ има разлика, што едноставно не може да се објасни со зборови.
Comments are closed for this post.