Премиерот Зоран Заев не можеше да се сети дали се потпишал на барањето за продолжување на конститутивната седница пред три години. Како сведок на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2018, тој рече и дека често имале координација со тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Кога адвокатот Еленко Миланов го праша дали се потпишал на барањето за продолжување на седницата рече дека не се сеќава но оти е можно.

Кога Миланов му го даде листот на кое се наоѓаше и неговото име име лидерот на СДСМ се сети.

Да тоа е мој потпис, потврди тој.

На прашањето дали седницата на 27 април требало да продолжи следниот ден, Заев исто така одговори дека не се сеќава.

Слична „амнезија“ за тоа дали или не се потпишале на барањето седницата на 27 април да продолжи следниот ден имаа и повеќето пратеници од СДСМ кои изминатите рочишта се појавија во Кривичен како сведоци.