Потребна ни е стручна комисија, работата е излезена од контрола, смета лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој вчера гостуваше во вестите на Сител.
Пресметливите политики и неспособноста на здравствените власти, смета тој, не довеле до ситуација да треба да избираме меѓу две зла. Коментирајќи дали треба да се воведе полициски час, Мицкоски рече дека едното зло е да се воведе полициски час и а страда економијата, а другото е голем број луѓе ќе ги загубат животите.
Политиките на владата нè донесоа во ситуација или бездна или втора бездна. И додека се случува, ова има кризна состојба, а паралелно и избори за во две општини, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него Владата нè доведува во ситуација само на парадоскални ситуации или влегуваме во тоа мочуриште. Сепак, сета тој, на земјата ѝ се потребни живи луѓе кои ќе ја покренат економијата.
Луѓето чекаат за медицинска нега по ходиници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.