Бугарскиот премиер Бојко Борисов со порака до Македонија преку својот фејсбук профил.
Бугарија отсекогаш била една од земјите кои најмногу инсистираат на европска интеграција на Република Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан. Бугарија силно ја поддржа Република Северна Македонија за влез во НАТО. Отсекогаш сме биле исклучително добронамерни и јасно кажавме до каде би можеле да одат нашите компромиси. Формиравме и мешовит историски комитет каде експертите мораа да ги решаваат спорните прашања само со аргументи. Со вицепремиерите Захариева и Каракачанов одржавме десетици средби во потрага по решенија. Дадовме се од себе да не биде државата која ќе каже не на преговори со Република Северна Македонија. Сепак, тие мислеа дека со притисок и лобирање, нашата позиција може да се промени. Нашата позиција не е тврдоглава, туку е принципиелна и ги отсликува очекувањата на сите Бугари. Се разбира, подготвени сме да продолжиме со разговорите, продолжуваме да го следиме Договорот за добрососедство. Сепак, очекуваме да ја видиме истата посветеност преку улица!, напиша Борисов на фејсбук.
Comments are closed for this post.