Поранешниот пратеник од СДСМ Петар Атанасов, тврди дека спикерот Трајко Вељаноски конститутивната седница по изборите во 2016 година ја водел политички коректно, согласно уставот и законите. Атанасов е прв сведок на денешното рочиште за настаните на
27-ми април во случајот во кој обвинителството на Вилма Рускоска бара т.н. „организатори“ на „терористичкото загроување на уставниот поредок“. Досега ниту еден сведок и на обвинителството и на одбраната не ги потврди тезите на Русоска, освен дежурниот сведок-соработник Александар Василевски Нинџа, кој даде најнова четврта верзија за настаните, во многу нешта различна од претходните три верзии.
Наспроти Рускоска и Нинџа, сите други сведоци не говорат во насока на потврдување на теориите на Рускоска, а особено важно беше сведочењето на „пејачот на албанската химна“ Зекирија Ибраими кој во петокот на 13-ти ноември 2020 сведочеше дека тој химната ја испеал своеволно, а не во рамки на некаков договор – како што тоа го тврдеше Рускоска.
Списокот на денешни сведоци започна со екс-пратенитот и заменик министер за образование, Петар Атанасов кој покрај другото кажа и дека се потпишал на списокот на пратеници кои барале седницата да продолжи на 28-ми април.
Токму Вељаноски тврди дека постоело таквото барање и дека тој се подготвувал за продолжување со работа на собранието во петок на 28-ми април 2017, а не за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.
Comments are closed for this post.