Владата ги укина, за повторно да ги врати економските промотори. Но сега под ново име – економски советници. Кадри ќе се бараат од вработените во МНР, економија и земјоделие, но ќе се праќаат и познати бизнисмени и економисти кои ќе треба да ги убедат странските инвеститори да вложат кај нас. Првиот тим ќе замине на пролет, а во кои земји – допрва ќе се одлучува.
Македонија првите промотори ги доби во 2008 та година. До 2016 та година имаше 33, секаде во светот, кои имаат статус на дипломати, односно ги уживаа истите права како нив. Во август 2017, по стапувањето на СДСМ на власт – истите беа укинати со образложение дека не ги дале очекуваните резултати, а биле прескапи. Сега повторно ќе се промовираме како економски бренд, кој покрај инвеститори, ќе бараат начин и за освојување нови пазари за пласман на македонските производи. Покрај ова, Владата фиансиски ќе поддржи и 400 компании кои ќе инвестираат во зголемување на конкурентноста и освојувањето странски пазари во услови на криза.
Вкупно 400 компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот ги исполнија условите од Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентоста на деловните субјекти во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат финансиска поддршка од државата за своите инвестиции во вредност од 17,2 милиони евра. Со мерката, која е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со Ковид-19, беше предвидена директна државна помош од 25 отсто од реализираната инвестиција во периодот од март 2020 година кога започна ковид кризата, па до крајот на 2021 година, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Наредната недела овие компании ќе потпишат договор за финансика поддршка, а парите ќе ги добијат за 15 тина дена.
Comments are closed for this post.