Судот во Пенсилванија наредил државата да не ги брои гласачките ливчиња каде гласачите требало да дадат доказ за идентитетот, но тоа не го сториле до 9 ноември, пренесуваат американските медиуми.
Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба до федералниот суд во Пенсилванија, со барање судот да го прекине прогласувањето на Џо Бајден за победник во таа држава.
Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија не бил транспарентен и дека не бил предмет на проверки спроведени за време на гласањето на избирачкото место.
Според тврдењата на неговиот изборен штаб, властите во Пенсилванија со тоа го прекршиле Уставот.
Comments are closed for this post.