ВМРО-ДПМНЕ ќе го отстапи објектот на своето партиско седиште во центарот на Скопје доколку има потреба и доколку министерот Филипче и владата го побараат тоа од опозицијата.
Ова во интервју за емисијата „Заспиј ако можеш” го изјави потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
Запрашан дали доколку има потреба за објекти во кои би се сместување заболени од Ковид19 партијата ќе го отстапи своето седиште, Мисајловски одговори дека без да се консултира со партијата е уверен дека доколку биде побарано таканаречената „Бела палата” ќе биде ставена на располагање на здравствените власти во битката со пандемијата.
Comments are closed for this post.