Поранешниот командант на Хрватскиот совет за одбрана во Мостар, Марко Радиќ Мака беше убиен вчера вечерта во центарот на Мостар со огнено оружје, а полицијата трага по вооружениот поранешен припадник на Специјалната полиција Оливер Цвитановиќ, поради сомнение дека го убил.
Локалните медиуми јавуваат дека Цвитановиќ дополнително бил уапсен.
Радиќ бил застрелан недалеку од зградата во која живеел, во околу 19 часот, во близина на седиштетот на Херцеговачко-неретванската жупанија, пренесува порталот Индекс.
Оливер Цвитановиќ, нарекуван Цвики, кој за време на војната бил припадник на Специјалната полиција на Хрватска, во 2004 година со пиштол го убил таткото на својата сопруга, а се обидел да ја убие и својата сопруга и нејзината сестра, но пиштол не пукал.
Убиениот Марко Радиќ на судот во БиХ бил осуден за воени злосторства на 27 години затвор, а жупанискиот суд во Загреб ја променил таа пресуда на 12,5 години затвор затоа што ги отфрлил квалификациите за здружени злосторнички потези.
Comments are closed for this post.