Нападот врз грчкиот православен свештеник во Лион пред една недела не било акт на тероризам, туку мотивот на напаѓачите била одмазда за брачна измама.
Обвинителите велат дека сопругата на 40-годишниот напаѓач имала афера со свештеникот, пишува Скај. Тие тврдат дека напаѓачот го признал тоа за време на полицискиот распит.
Откриен е и идентитетот на застреланиот свештеник. Николас Какавелакис (45) е застрелан двапати во стомакот со ловечка пушка додека ја затворал црквата попладнето на 31-ви октомври. Сè уште е во критична состојба.
Според грчката православна епархија на Франција, свештеникот Какавелакис требало да се врати во Грција откако работел во црквата во Лион, каде што бил застрелан.
Се молиме за брзо закрепнување и недвосмислено ги осудуваме сите форми на насилство“, се вели во соопштението на епархијата.
Comments are closed for this post.