Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, примен е во болница во близина на Буенос Аирес. Аргентинецот е хоспитализиран со симптоми на депресија.
Тоа се случи само три дена откако го прослави својот роденден.
Тој е многу тажен веќе една недела и одбива храна“, изјави извор за Associated Press.
Личниот лекар на Марадона, Леополдо Луке, го однел поранешниот фудбалер во болница во Ла Плата, околу 40 километри јужно од Буенос Аирес, за да изврши детални прегледи.
Тој минатиот петок наполни 60 години и тој ден се појави на натпреварот на Химнасија, каде е тренер. Марадона замина од стадионот пред крајот на првото полувреме, што предизвика бројни шпекулации за неговото здравје.
Неговиот лекар Луке подоцна негираше дека Марадона е заразен со коронавирусот SARS-CoV-2 , но потврди дека „пациентот се изолирал дома откако дознал дека еден од соработниците добил позитивен резултат на тестот за COVID-19“.
Comments are closed for this post.