Д-р Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус. Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје.
Од Центарот за јавно здравје во Куманово потврдуваат дека на 9 октомври е потврден случај на ковид-19 на здравствен работник. Директорката од Општата болница Куманово Снежата Захариева, вели дека сите се` уште се во шок од сознанието оти нивниот колега ја изгуби битката со коронавирусот.
Од ковид-19 во јули месец во ГОБ ,,8 Септември” на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Тој беше првиот доктор во Македонија што ја загуби битката со болеста.
Неодамна почина и Дијана Димоска, медицинска сестра од Опшатата болница во Охрид. Почина на 49 години, како резултат на компликации од ковид-19.
Петар Мојсоски од Подгорци, Струга е првиот здравствен работник кој почина од ковид-19. Тој по професија беше фармацевтски работник. Мојсоски се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, на своето работно место, во аптека. Тој починал на скопската Инфективна клиника на 27 мај.
Comments are closed for this post.