Четвртото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје почнува денеска и првпат во целост ќе се одржува онлајн во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА.
Темата на годинешното издание е Солидарност, а фестивалската програма е бесплатна и отворена за сите заинтересирани гледачи. Фестивалот ќе трае до 25 октомври и нуди богата филмска програма.
Во рамки на фестивалот ќе се емитуваат интересни документарци, меѓу кои и светската премиера на „Човекот кој премногу знаеше“, чиј автор е британскиот независен документарист Мајкл Освалд, а најавени се и ексклузивни гости од медиумската сфера.
Фестивалот го отвора дискусија за новинарството во време на пандемија, каде ќе може да се слушнат искуства и ставови на директорката на Европската федерација на новинари, Ренате Шродер, на основачката на Коалицијата за жени во новинарството, Киран Назиш…
Претставници од Центарот за комуникации од јавен интерес при Универзитетот во Флорида ќе зборуваат за научно изведени заклучоци што откриваат за што се грижат луѓето при изборот на информации, а ќе одржат и работилница каде заинтересираните новинари ќе ги усвојат клучните начела за создавање ефектни приказни.
Comments are closed for this post.