Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

19.10.2020 / 9:48


Од денеска до четврток, 22 октомври ќе се одбележува манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македоноски јазик „Крсте Мисирков“.

Во рамките на оваа манифестација ќе се одбележат 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис, и ќе се промовираат најновите изданија од Институтот.

Исто така, во амфитеатарот на Институтот, ќе биде промовирана книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ на новинарот на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, и книгата „Македонски лингвисти“ од Иван Глигоровски.

На отворањето на манифестацијата за денеска најавено е обраќање на директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски и претседателот Стево Пендаровски.

Во вторник и в среда, по повод отворени денови на Институтот, ќе биде отворена Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“, каде поздравни обраќања ќе имаат директорката Јованова-Грујовска, претседателка на Меѓународниот организациски одбор на Конференцијата Лидија Тантуровска и премиерот Зоран Заев.

В четврток ќе биде прикажана видеочеститка од научниот кадар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Магазин

Кристијан Голубовиќ си купи нов „Јагуар“, а ќе инвестира и во фарма со пилиња

пред 2 часа
Магазин

Кој е Томпсон: Беше во брак со Данијела Мартиновиќ, се разведоа со благослов од папата

пред 15 часа
Магазин

Jелена Карлеуша на јахта (ФОТО)

пред 16 часа
Магазин

Половина милион публика: Во Загреб денеска се одржува најголемиот усташки концерт

пред 17 часа
Магазин

Кристијан Голубовиќ го предупредил Аркан дека му спремаат убиство

пред 4 дена
Магазин

Погледнете го модниот стил на Еди Рама во Скопје (ФОТО)

пред 5 дена
Магазин

Во Албанија за пет месеци престојувале 3,4 милиони странци

пред 6 дена
Магазин

„Масив атак“ го стресе Скопје (ВИДЕО)

пред 6 дена
Магазин

Ниту една дискотека или кабаре во Скопје нема лиценца за работа

пред 1 нед.
Магазин

На Јелена Карлеуша и го вратија Инстаграмот, и помогнал турски моќник

пред 1 нед.