Директорот на Национални пошти Ејуп Рустеми не чувствува одговорност за состојбата во која се најде оваа институција. Во изјава за Локално се дистанцира и од коментарите во јавноста според кои со одлуката АД Македонски пошти да оди на продажба се амнестира неодговорното работење на кадрите на ДУИ кои со години наназад раководат со институцијата.
Не можам да зборувам вели за другите, туку само за моето време“.
Од моето доаѓање за генерален директор на Пошта на Северна Македонија во септември 2018, компанијата ја заврши годината со негативен финансиски резултат од 168 милиони денари. Во 2019 година успеавме да ја намалиме загубата на 65 милиони денари и во првите три месеци од 2020 годината“, вели Рустеми.
Не е вистинскиот човек, вели, кој треба да одговори на дилемата дали постои и друга опција, освен одлуката на Владата АД МАкедонски пошти да оди на продажба.
Компанијата работи според Законот за акционерски друштва. Сопственик е Владата, што практично значи дека таа одлучува за неа“, вели Рустеми.
Потврдува дека еден од неговите советници бил Фадис Реџепи, еден од претходните директори. На прашањето какви совети црпел од него ако се знае дека наследил огромни загуби вели: „Да, Реџепи беше мој советник. Секогаш се добредојдени советници со искуство“.
Во разговор за Локално, Рустеми одговори и на прашањето за парадокост на трошење огромни суми пари на премии од страна на директорите во ситуација кога поштата трупала загуби, кој беше нотиран од страна на Државниот завод за ревизија. Извештајот покажа дека Македонска пошта е во загуба од 10 милиони евра, но претпријатието склучувало договори за премии од осигурување со кои обезбедувало богати бонуси за досегашните седум директори.
Според него, се било според закон.
Ако забележавте добро, извештајот беше за надзорниот одбор бидејќи управниот одбор потпишува менаџерски договор со надзорниот одбор. Според договорот, беше дозволено менаџерско осигурување. Во 2020 година тоа беше тргнато, секако поради корона кризата и нејзините последици“.
Конкретен одговор од друга страна, нема за тоа што ќе се случува со вработените. „Тоа никој не го знае. Треба да се поодготви физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно-приватно партнерство или со приватизација. Потоа ќе видиме каква одлука ќе се донесе“, вели Рустеми.
Comments are closed for this post.