Во текот на денешниот ден врнежите полека ќе се преместуваат кон исток и ќе ги има повеќе во источните предели. Особено во јужните и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Поаѓање на температурите, како на минималните, така и на максималните ќе имаме за време на викендот и на самиот почеток од следната недела, но дали постои опасност од појава на мраз во утринските часови, особено за земјоделството – детална анализа околу тоа следува понатаму.
Comments are closed for this post.