Ерменија и Азербејџан се договорија за прекин на огнот во регионот Нагорно Карабах, почнувајќи од денеска напладне, и за размена на затвореници и на телата на загинатите во судирите, рече утрово рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-Се објавува прекин на огнот од пладне на 10 октомври 2020 година со хуманитарни цели, ја прочита Лавров изјавата по десетчасовните преговори меѓу министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан.
Тој исто така додаде дека Ерменија и Азербејџан се согласиле на преговори за ставање крај на конфликтот.
Овој состанок на шефовите на дипломатиите на завојуваните страни е првиот директен контакт меѓу Ерменија и Азербејџан по избувнувањето на новите конфликти на 27 септември.
Оттогаш, повеќе од 400 лица се убиени во борбите во Нагорно-Карабах, планинска енклава што официјално е дел од Азербејџан, но ја водат етнички Ерменци.
Comments are closed for this post.