Оваа година Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Харви Алтер, Мајкл Хотон и Чарлс Рајс, тројца научници кои идентификуваа нов вид на вирус – хепатит Ц.
Нивните откритија доведоа до ново ниво во борбата против вирусите што се пренесуваат преку крв. Пред нивниот труд, откривањето на вирусите на хепатит А и Б беше клучен чекор напред, но повеќето случаи на хепатитис што се пренесува преку крв останаа необјаснети, се наведува на официјалната веб-страница на Нобеловата награда.
Станува збор за пресвртна точка во борбата против вирусните заболувања. Благодарение на нивното откритие, сега се достапни високо чувствителни крвни тестови за вирусот, кои, всушност, го елиминираа по трансфузискиот хепатитис во многу делови на светот, што значително го подобрува глобалното здравје.
Нивното откритие исто така овозможи брз развој на антивирусни лекови насочени против хепатит Ц. За прв пат во историјата, болеста може да се излечи, зголемувајќи ги надежите за искоренување на вирусот хепатит Ц кај светската популација. За да се постигне оваа цел, ќе бидат потребни меѓународни напори за да се овозможи тестирање на крвта и достапност на антивирусни лекови низ целиот свет.
Comments are closed for this post.