Антониjо Милошоски вечерва од протестот на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите реваншизмот и политичкото насилство кажа дека се што се случува во Македонија се политички нарачани пресуди и политичка репресија. Милошоски изјави дека Обинителството молчи, државата молчи, парите се крадат од државниот буџет а народот осиромашува и тоа е голема неправда.
Јас на кратко би искоментирал по однос на правда и неправда замислете еден Бајруш Сејдиу е на слобода, едни убијци на пет момчиња кај Смилковско езеро се на слобода, Игор Спасов кој што го уби Мартин Нешковски му дозволија да избега од затвор, а ја затворија Гордана Јанкуловска само затоа што не сакаше да соработува со Зоран Заев‘‘ -изјави Милошоски
Според Милошоски се ова што се случува во Македонија денес е неправда, политички пресуди и политичка репресија.
Затоа сметаме дека ова се политички пресуди и ова не е право и правда напротив ова е политичка репресија.Тоа што јавното обвинителство го прави е спроведување на веќе напишаните пресуди во Владата на Заев. Тоиа што сметам дека исто така е голема незаконитост и голема брука во денешно време е што токму во тоа Јавно Обвинителство работат поранешни обвинители од поранешното СЈО кои што гледаме дека државниот ревизор потврди меѓусебе незаконски си поделиле 4,6 милиони евра. Во време кога имаме криза во образованието, кога 40 илјади ученици немаат таблети за онлајн настава и комјутери, 12 обвинители меѓусебе си поделиле 4,6 милиони евра на незаконит начин. Но Обинителството молчи, државата молчи, парите се крадат од државниот буџет народот осиромашува и тоа е голема неправда‘‘- нагласи Милошоски
Во однос на секојдневниот пораст на заразени од коронавирус Милошоски вели дека како опозиција воопшто не се консултирани за помош во справувањето со вирусот а комисијата за заразни болести според него наместо од врвни епидемиолози е составена директори на клиники на СДСМ и пријатели на Венко Филипче.
За жал опозицијата не е консултирана околу ова а доколку биде консултирана го користам ова како можност за јавен апел, сметаме дека комисијата за борба против заразни болести не треба да биде составена од директори од СДСМ и од другари на Венко Филипче. Оваа комисија треба да биде сосотавена во најмала рака, најмалку половина од членовите на оваа комисија треба да бидат инфектолози а не директори на СДСМ по клиники и пријатели и другари на Венко Филипче. Затоа ваквите мерки кои што досега ги превземаат не даваат резултат. И затоа Македонија во споредба со регионот има најголема смртност‘‘ заклучи Милошоски
Comments are closed for this post.