Премиерот Зоран Заев синоќа на Македонската телевизија, или како што според Договорот од Преспа смее да ја нарекува, Националниот сервис, имаше средба со одбрани новинари. Теми многу, прашања какви што Заев би посакал. Па така, наместо да добиеме одговори за вистинските проблеми што ги мачат граѓаните, добивме три часа егзалтирачко галење на суетата на премиерот.
Заев најпрво побара трпение и поштеда за првите сто дена на владата заборавајќи дека во неа повеќе од половина се истите ликови од старo-новата коалиција со ДУИ.
Првиот впечаток што се доби од одговорите на Заев е дека живееме во Шведска или Норвешка, а не како што тој си ја нарекува државата Северна Македонија. Розевите наочари Заев не ги извади целата емисија а во тоа му помогнаа прашањата на поголемиот број од новинарите. Во фудбалски речник, Заев во стил на искусен голман ги фаќаше нафрелените топки наречени „балони“.
Присутните новинари не реагираа кога Заев најави поголеми даноци и прогресивно оданочување, „заборавија“ да го прашаат за ветениот „викенд без ДДВ“. Затоа пак премиерот се пофали дека во пензија ќе се оди на 64 и 62 години и дека ќе може да се докупува стаж за последните пет години пред пензионирање.
„Веселата математика“ на Заев објасни дека падот на БДП од 12, 9 проценти и не бил толку ако се разложел низ последните неколку години. Не пропушти да се пофали и дека државата ќе се задолжува, но не за капитални инвестиции туку за да има пари да дели пари пензии и плати во јавната администрација.
Заев тврди и дека ја поевтинил струјата и дека опозицијата непотребно протестира. Колку таа е поевтинета граѓаните сами може да си проверат ако си ги споредат сопствените сметки за електрична енергија пред три години и сегашните.
Новинарите, а со тоа и Заев заборавија и на пропаѓањето на Еуростандард банка, аферата со контроверзниот бизнисмен Дака, проблемите на работниците од Еурокомпозит….
Она што е најважно е што Заев не пропушти да вети е дека ќе го реши спорот со Бугарија за Гоце Делчев на истиот начин како што го решил и спорот со Грција со кој Македонија се откажа од уставното име. Можеме само да замислиме како ќе биде решение за нашиот револуционеер штом Заев вели дека ќе се најде решение од ќе бидат задоволни и Бугарија и Македонија. Прашан за заканите на радикалниот Красимир Каракачанов дека ќе ги блокира преговорите со ЕУ ако не се откажеме од Гоце Делчев Заев рече дека има голема почит за Каракачанов и оти таквите изјави не помагаат.
Со пријателите треба, пријателски, верувам дека ќе најдеме решение-рече Заев
Comments are closed for this post.