Зоран Заев и неговите министри живеат во раскош, народот осиромашува. Заев и мафијата ја направија земјава со најскапа струја во Европа, а најсиромашен народ. Груба лага е дека Мицкоски ја покачил струјата за 100 проценти. Го повикуваме Заев тоа јавно да го каже за да заработи тужба за клевета, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Наместо помош Заев на граѓаните им понуди покачена струја за 7,5%. Заев ја направи Македонија со најскапа струја во Европа. Како процент од просечната плата струјата во Македонија е меѓу најскапите во Европа. Еден мегават – час електрична енергија во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата. Додека Европските земји во пандемија ја намалија струјата, и нудат помош за граѓаните Зоран Заев и мафијата на власт ја покачија струјата за да ги полнат сопствените џебови.Поради СДСМ Македонија бележи и пад во индустријата, увозот и извозот. СДСМ ја однесе државата во рецесија. Неспособноста на власта предизвика пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година. Пад бележи и индустријата, и увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за 40.000 лица, граѓани кои ги изгубиле своите работни места, велат од партијата.
Поради лошите мерки на власта се затвараат конфекции, секојдневно се отпуштаат работници во текстилната индустрија, а компаниите се пред банкрот. Владата, криминалот и мафијата во Македонија се едно исто. Колку повеќе остане Заев, толку полошо за Македонија. Оваа влада мора да падне, соопштија од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.