Наместо нова, Македонија доби стара и добро позната влада. Во премиерскиот кабинет се враќа познат лик, кој и за време на техничката влада беше премиер во сенка наместо безличниот Оливер Спасовски.
Зоран Заев пак е премиер и ветува „ред, правда и дисциплина“. Ако ова го слуша некој што не ги знае политичките прилики кај нас ќе мисли дека досега Заев беше во опозиција а не три години на власт. Во овие три години не бидовме ниту ред ниту дисциплина, а најмалку пак правда.
Но, затоа видовме промена на името и историјата, долг од 3 милијарди евра, селективни обвиненија и пресуди, 40.000 нови невработени.Единствено во што бевме лидери во регионот беше бројот на заразени и починати од корона.Е во тоа ни немаше рамни….
Последно што го видовме од СДСМ беше пропаѓањето на Еуростандард банка и извлекувањето на 20 милиони евра на фамилијата Заеви. Висока стапка корупција го признаа и Економист и Транспаренси.
Дека од оваа влада не може да се очекува ништо се гледа и по тоа кој влезе во неа.Истрошени кадри, кои не можат да понудат ништо добро за граѓаните и единствено ќе се грижат за сопствените и партиските интереси.
Заев ги зеде за министри истите за кои во кампањата велеше дека е „здраво да одат во опозиција“, дека дека ДУИ се криминалци и сл. Наместо тоа, во неговата влада ќе седат Бујар Османи и посебно Артан Груби на кого дури и му измислија нова функција со надлежености исти како премиерот.
Ништо подобар не е изборот ни во редовите на СДСМ. Граѓаните со право прашуваат какви промени може да донесат „новите“ Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Оливер Спасовски…
Затоа предвидувањата се дека оваа влада ќе има краток рок, која нема да може да го издржи ниту тенкото парламентарно мнозинсто, ниту пак незадоволството кај народот. Оние што го создадоа хаосот во никој случај не може да бидат решение.
Comments are closed for this post.