Достоинството и почитување на волјата на македонскиот народ потврдена од последниот референдум како и резултатите од најновиот изборен фалсификат ја побудуваат македонската дијаспора од Европа да го крене својот глас и крик за македонските правдини, се вели во повикот на Координативно тело за протести на Македонците од Европа.
Ова тело повикува на масовен протест пред седиштето на Европската Унија во Брисел, во сабота 19 септември 2020 година.
Легитимноста на македонскиот народ е узурпирана од една коруптивна мафијашка структура наречена северна, чија крајна цел е комплетна деструкција на македонската држава и правен систем. Откога неправдата и нелегитимноста се инкорпорирани во општеството, отпорот станува основно средство на реакција и должност.
Дали мирно ќе го набљудуваме процесот на македонското уништување и држава?
Нашиот отпор во дијаспората нека биде зачетокот на нови протести и непризнавање на вештачка северна држава. Да бидеме горди и решителни во докажувањето на македонските неправди пред европските институции и пошироко. Само со масовност и решителност ќе можеме да придонесеме во зачувувањето на македонската држава и идентитет. Секогаш Македонија, никогаш Сев…а – се вели во повикот на македонските организации од Женева, Лондон, Хелсинки и Брисел
Comments are closed for this post.