Фантастични 307 милиони евра. Толку вкупно должат општините, претпријатијата државните и јавните институции заклучно со месец септември, покажуваат документите објавени на страната на Министерството за финансии.

Ако се извадат долговите од страна на општините, само државните и јавните институции должат 210 милиони евра. Најголем должник од сите буџетски корисници е МЖ Транспорт. Доспеаниот , а неплатен долг на претпријатието изнесува 45, 6 милиони евра.

Според документот објавен на страната на Министерството за финансии, општините должат 97,5 милиони евра. Оние со повисоки долгови, на листата се Проаква со доспеани, а неплатени долгови во висина од 14, 5 милиони евра.

Македонски енергетски ресурси има долг од 7 милиони евра, а јавното претпријатие Водовод и Канализација – Скопје, должи 3, 5 милиони евра.

Од Владата вчера соопштија дека државата ќе покрие 51% од долгот на Општината. На нивните сметки ќе легнат 50 милиони евра. Парите се предвидени со ребалансот на Буџетот. Остатокот до 97 милиони евра ќе треба самите да го сервисираат.

Средствата кои ќе се доделат на единиците на локалната самоуправа како финансиска поддршка се строго наменски и неповратни. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството“ – рече вчера Тевдовски.

Министерот Тевдовски посочи дека вкупниот долг на јавниот сектор е за 56 милиони евра помал од она што било пријавено во мај.