По завршувањето на изборите и пировата победа започнаа и дворските игри на „Бихаќка“, Иако лидерот Зоран Заев се обидува да прикаже дека ја има состојбата под контрола па дури и почна да ги средува работите во ВМРО-ДПМНЕ, ситуацијата во СДСМ е далеку од нормална. Се погласно се бара оставка од Заев кој веќе не може го гасне огнот меѓу двете страни на кои едната и самиот тој припаѓа, односно е предводник.
„Војната“ во СДСМ се води меѓу двете крила, скопското кое е интелектуално и струмичкото кое важи за „сељачко“.
Во скопското крило на СДСМ има навистина интелектуалци и професори, препознатливи во јавноста, дел исклучени членови а дел целосно повечени иако формално се уште се членови. Една од нив е Софија Куновска, потоа Гордан Ѓеоргиев, професорката Каролина Ристова Астеруд, Игор Ивановски-Шема, Емилијан Станковиќ и уште неколкумина.
Тие бараат оставка од Заев и остро се спротиставуваат на уцената од страна на ДУИ премиерот да биде Албанец. „Скопјаните“ сметаат дека е почесно партијата да оди во опозиција и да се демократизира внатрешно отколку по секоја цена да настојува да бие на власт.
За разлика од скопското крило, струмичкото кое во партиските кругови важи за „сељачкото“ и кое е под директна контрола на Заев немаат проблем премиерот да биде Албанец. Тие се водат од девизата на Заев „Ол ин“, односно за се можат да се договорат само за да бидат на власт.
Предводници на ова крило се портаролот Костададин Костадинов, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски, Маријан Забрчанец,Љупчо Николовски, но и Дамјан Манчевски, кој иако е од Скопје целосно потпаднал на струмичкото крило.
Со ова крило се поврзува и случајот „Рекет“ во кој беа вмешани многу функционери на СДСМ но против нив немаше никакви кривични пријави ниту пак беа повикани да дадат исказ.
Comments are closed for this post.