Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во денешните завршни зборови во целост го разоткри влијанието што тогашниот премиер Заев го имал во СЈО со цел да влијае на некои политички случувања но и како средство за одмазда врз неговите неистомисленици.
Таа денеска рече планот бил да се сруши СЈО но оти тоа не морало да оди преку нејзе. Јанева во целост се согласи со што што вчера го зборуваше Бојан Јовановски.
А популарниот Боки откри многу работи. Најважното е она што Заев му го кажал во неговиот кабинет во владата дека СЈО со обвиненијата за случајот „Империја“ направила многу штета бидејќи Камчев и Мијалков му биле потребни за обезбедување пратеници за гласање на уставните измени.
-Камчев имал тројца пратеници да му гласаат уставни измени а Мијаколов имал и повеќе“-му рекол Заев на Боки.
Потоа пак Боки имал средба и со Мијалков кој на 1ТВ требало да повика на излезност за референдумот.
Боки објасни дека воопшто не е случајно што Мијалков излегол во притвор пред Нова година со одлука на судијката Весна Димишкова, чии брат Васил беше повикан како сведок во случајот „Империја“.
Бојан уште откри дека Кичеец е агент-провокатор и оти бил излезен да го шпионира Мицкоски, како што и се виде на неодамна објавената снимка.
Кичеец е пуштен во домашен притвор со агенда. Политичка агенда-потврди Јовановски.
Исто така расскажа и за средбата на Заев и Камчев на 2 март 2019 година кој била снимана од бугарски разузнувачи блиски до Бојко Борисов. На таа средба Заевбил доста зборлест и се фалел дека ќе им ја е..е мамата на таа „дебелата“ и тој „педерот“.
Дека Заев имал огромно влијание во целото судство денеска потврди и Јанева. Тоа одело дотаму што за тој да добие ослободителна пресуда за случајот „Поткуп“ се менувале закони.
Comments are closed for this post.